(ВИДЕО) Грчки пратеник: Како Македонија стана грчка

На социјалните мрежијсбук се појави видео во кое грчкиот пратеник Никос Филис говори во грчкиот парламент како Беломорска Македонија со сила стана грчка.

Кога го слушаме извикот: „Македонија е една и грчка!“ се восприема како иредентизам, како непочитување на меѓународните договори на земјата. Може и да не звучи добро, но тоа е вистината. Грчката Македонија е грчка и да сум појасен СТАНА грчка. затоа што по население Македонија до 1912/1913 и 1921/1922 кога дојдоа бегалците (од Мала Азија) немаше грчко мнозинство, само одредени зони на југ. Значи стана грчка со размена на население преку тешките настани кои ги преживеавме и ние но и други народи во регионот. Ако тоа е така, со грчкиот потпис, а не со моето тврдење тука, кон што водат извиците: „Македонија е една и грчка!“? Со кого си играме мајтап? Со самите себе? , рече пратеникот Никос Филис.