Албански рибари во своите мрежи во приморскиот град Саранда уловиле морска желка од реткиот вид Dragua/Драгуа, тешка 60 килограми.
По евидентирањето од страна на стручни лица, желката била вратена во морските води.
Неодамна, рибари од албанскиот приморски град Орикум, кај Валона, уловија желка од загрозениот вид Карета, стара 45 години и тешка 40 килограми.
По евидентирањето, желката беше вратена во водите на Јонското Море.