
Започна политичкото собрание на Европската Народна Партија во Брисел каде што присуствува и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
Мицкоски оствари средба со европратеникот и пријател на Република Македонија Едвард Кукан, а се очекува да оствари и средби со европарламентарци и преставници на ЕУ кои се дел од Европската Народна Партија чиј што член е ВМРО-ДПМНЕ.
Мицкоски ќе разговара за состојбите во државата, загрижувачката состојба со газењето на правата и слободите, растечката корупција, како и поддршка на процесот за интеграции, и реформите кои треба да бидат спроведени.
Во делегацијата на ВМРО-ДПМНЕ е и потпретседателот Александар Николоски и Секраторот за меѓународна соработка, Тимчо Муцунски.