Мицкоски ги предупреди европратениците дека власта се обидува да ги украде изборите во Македонија

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, втор ден ја продолжува посетата на Брисел на политичкото Собрание на Европската Народна Партија.

Мицкоски прво во вторникот оствари средба со  Дејвид Мекалистер кој е претседател на Европската народна партија (EPP) и истовремено претседавач на Комитетот за надворешна политика при Европскиот парламент.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ потоа имеше средба со  Иво Вајгл, кој е известувач за Република Македонија во ЕП и веднаш по завршувањето на пленарната седница на политичкото Собрание реализираше средба со Манфред Вебер којшто е претседател на парламентарната група на Европската народна партија и истовремено кандидат за претседател на Европската комисика од редовите на EPP.

По средбите Мицкоски посочи дека владеењето на правото и правната држава се загрозени во Македонија.

Во текот на средбите се разговараlo, рече Мицкоски по нивното завршување, за актуелната политичка и економска ситуација во Македонија и додава дека практично европратениците разговаралеа за сите оние неуспешни политики коишто владата на СДСМ и Зоран Заев ги реализираат во земјата.

Ги запознав моите соговорници за отсуството на владеење на право и на изгубената правна држава, изгубената доверба на граѓаните на Република Македонија, којашто практично е основен мотив истите да ја напуштат земјата. При средбата ги илустрирав оние последни четири случаи коишто се случија пред некој ден, а тоа е гранатирањето на дуќан во центар на Скопје, запалените два угостителски објекта, едниот во старата скопска чаршија, а другиот во Општина Бутел. И оној вооружен грабеж којшто, исто така, се случи во главниот град на Република Македонија, потенцираше Мицкоски.

Посочи дека постои оправдан сомнеж Зоран Заев сака да ги украде престојните претседателски избори.

Побарав организирањето фер и демократски избори биде еден од условите за отпочнување на преговори со ЕУ. Истовремено не ја испуштив можноста да лобирам, доколку се исполнат сите овие критериуми да биде овозможен напредок во европските интеграции на земјава, истакна Мицкоски.