Мицкоски утре ќе се сретне со Андреј Пленковиќ и Јанез Јанша

Средбите доаѓаат во период кога Мицкоски има нагласена меѓународна агенда и истите ќе се искористат за јакнење на меѓусебните врски и соработка на сестринските партии на ВМРО-ДПМНЕ.

По бројните средби кои лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски ги оствари во рамките на посетата на Брисел и политичкото собрание на Европската Народна Партија, остварува посета на повеќе балкански центри.

Мицкоски во текот на утрешниот ден ќе оствари посета на Загреб Хрватска каде ќе се сретне со премиерот на Република Хрватска и лидер на сестринската ХДЗ Андреј Пленковиќ. Потоа ќе оствари средба и со лидерот на словенечката демократска партија која победи на последните парламентарни избори во Словенија, Јанез Јанша.

Средбите доаѓаат во период кога Мицкоски има нагласена меѓународна агенда и истите ќе се искористат за јакнење на меѓусебните врски и соработка на сестринските партии на ВМРО-ДПМНЕ.

Република Македонија треба да гради отворена, рамномерна добрососедска политика базирана врз принципи и искрени вредности, истакна Мицкоски по средбата со претседателот Вучиќ.