Нова жртва од морбили – 13-месечно дете од Свети Николе

Министерството за здравство информираше дека вчера (9 февруари 2019) во попладневните часови почина уште едно дете од компликации предизвикани од морбили (мали сипаници) на Клиниката за детски болести во Скопје. Станува збор за 13 месечно дете од Свети Николе, кое и предходно имало други здравствени проблеми. Ова е второ дете кое почина од компликации предизвикани од морбили.

Од Министертвото за здравство додаваат дека искрено жалат што овие деца се жртви на епидемијата од морбили (мали сипаници), болест која може да се спречи со вакцинација.

Оттаму апелираат до сите родители, најодговорно да ги сфатат препораките за вакцинирање со МРП вакцината, која заштитува од ова сериозно заразно заболување.