(ВИДЕО) Сведоштва за првите моменти по автобуската несреќа

Трагедијата која денеска се случи на автопатот Скопје-Тетово и страотната слика која ги дочека првите е кои пристигнаа на местото ќе ја паметат засекогаш.

Телевизијата ТВ21 пренесува сведоштва на граѓаните кои први пристигнале на местото.

„Автобусот беше превртен, лелек и плач се слушаше од сите страни. Со голи раце го кренавме автобусот и сакавме да го превртиме за да почнеме да им помагаме на повредените. Оваа слика која денеска ја видов нема никогаш да ја заборавам“!

Врз седум лица, од вкупно тринаесетте кои загинаа во несреќата кај Карпалак Скопје-Тетово е наредено да се направи обдукција, која ќе треба да покаже која е причината за смртта на овие патници.

Голем дел од повредените се сместени во скопската Градска општа болница „8-ми Септември“ од каде потврдуваат дека хоспитализирани биле 32 лица.

Телевизијата Алсат емитуваше кадри снимени непосредно по автобуската несреќа на автопатот Скопје-Тетово кога обични граѓани се обидуваа да им помогнат на повредените патници во автобуската несреќа.