Меѓу шеесет и седумдесет рудари се сметаат мртви во коповите на ридник на злато во централниот дел на поплавеното Зимбабве, според новите податоци на владата која во петокот упатила апел за помош.
„Се проценува дека страдале меѓу 60 и 70 илегални рудари“, според соопштението на министерот за локални работи Џули Мојо.
Според претходната процена се споменуваа 23 илегални рудари, откако коповите на рудникот на злато во кои работеле биле поплавени со водата од браната каја попушти. „Во тек се очајничките обид за испумпување на водата од поплавените ровови“, додал Мојо.
Според весникот The Herald, илегалните рудари во Батлефилдс, 175 километри западно од Хараре, влегле во рудникот на земјиштето во сопственост на „RioZim“ и уште една компанија во вторникот навечер за да копаат злато, но се урнал ѕид на блиската брана поплавувајќи го рудникот.
Министерот Мојо го повика населението на собирање финансиска помош за испумпување на водата, храна за екипите на теренот, за семејствата на настраданите, како и за превозот и погребот на жртвите во износ од 177.000 евра. Во Зимбабве со години трае катасрофалната економска и финансиска криза. Министерот гарантираше на сите кои ќе дадат финансиска помош дека парите ќе бидат добро употребени за споменатите операции.
Зимбабве е богат со рудници на минирали, меѓу кои платина, дијаманти, злато, јаглен и бакар. Зимбабве минатата 2018 година забележал рекордно производство на злато од 33 тони, според официјалните податоци.