![vozzzz](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2019/01/vozzzz-e1550477224446.jpg?resize=640%2C358&ssl=1)
Поради одрон на пругата кај Лакавица изутринава од шините се излизгал патничкиот воз што сообраќа на релација Кичево-Скопје, но нема повредени патници и персонал од железницата, изјавија за МИА од МЖ Транспорт ад Скопје.
Согласно со стандардната процедура, на местото се упатила екипа и помошен воз со којшто треба да се врати гарнитурата на шините по што ќе се утврди оштетувањето на пругата.