Со 140 гласа за, бугарскиот парламент го ратификуваше протоколот за пристапување на Северна Македонија во НАТО, објави бугарската новинска агенција „Фокус“.
„За“ гласаа ГЕРБ, Обединети патриоти, ДПС, Волја и независните пратеници. Ратификувањето помина без присуство на левицата во пленарната сала.
Бугарија е четврта земја која го ратификуавше протоколот. Претходно тој доби зелено светло во парламентите во Грција, Словенија и Албанија.
Протоколот за членството во НАТО беше потпишан на 6 февруари во Брисел, по решавањето на спорот со Грција за промена на името и потпишувањето на Преспанскиот Договор. Откако сите земји-членки на НАТО ќе го ратификуваат договорот, се очекува земјата да стане 30. членка на Алијансата.