За политиката мислев дека не е мојот свет, но политиката може да биде украдена од многу мал број на луѓе кои мислат дека е нивна. Таа не може да биде само една страна, а да не биде со критика. За нешта што се наш живот, наш идентитет, во Република Македонија решаваат неколкумина, рече Гордана Силјановска Давкова на 18.Конференција на Унија на жени на ВМРО-ДПМНЕ.
Можеби имате заблуда во личностите, но политиката ако не е уметност на можноста може да ја загрози не само државноста, туку како што вели еден умен британски лорд, таа може да расипе и да корумпира. Многу моќ е опасна, трагајте по авторитет, не заканувајте се, барајте противтежа, оти тоа ќе доведе до вистински одлуки, истакна таа.
Наведе дека името е најсилниот знак. Со овој знак се создадени мали и големи нации.
Јас не велам дека ние треба да зборуваме за етнос, мислам на сите граѓани, но правото од АСНОМ значело тогаш на ослободување на Македонија. Сите народи на Балканот ова право го оствариле во 19 и 20 век. Лигата на Народите неславно заврши затоа што не водеше сметка за правата на малите нации, рече Силјановска Давкова.
Додаде дека ќе најде многу правни причини за оспорување на тоа што се случуваше за промена на името на Македонија за внатрешна употреба.
Освен политичка, таа наведе дека има и женска визија и дека во кампањата повеќе ќе биде опкружена со жени.