Мицкоски: Битката против Заевизмот е битка за Македонија, изборите ќе го победиме заедно

Во земјата не владеат законите, во Македонија нема повеќе владеење на правото, а судството и обвинителството одамна не се механизмите кои ќе ја заштитат правдата, и посочи дека сево ова што го приредува власта нема да ја покрие мизеријата во економијата, па затоа битката против „Заевизмот“ на претстојните избори ќе претставува референдум на кој ќе победи народот, рече во саботата 18-тата годишна конференција на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ го истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски

„Случаите со тепањето на Миле и Спиро во затворот не е само податок кој докажува дека се прекршени процедурите и правилата во затворот, туку пред се тоа е последица на урнисаниот систем, неморал и доказ за невиден организиран прогон кој продолжува и во пресрет на претедателските избори. Дури и во еден ваков толку јасен случај на неправда оставката на оној затворски управник која треба да послужи за алиби ќе почека, доставил господинот список на потписи во знак на поддршка до десподот. Се кршат процедури во Собранието, се носат закони кои може да донесат само бизнис интерес за поединци, а ненадлежното СЈО ќе отвори онолку нови случаи колку ќе сметаат дека се доволни за да може да се пазари со цел да си го продолжи мандатот, зошто за нив привилегиите се далеку поважни од правдата која треба да се постигне. За пусти пари се работело“, посочи Мицкоски.

Посочи дека ваквиот процес во чија суштина се критериумите „кажувам- негирам-заборавам“ практично говори за сите ветувања кои ги дала власта а не ги исполни.

„Далеку сме од плата од 500 евра, нема ниту живот, ниту чист воздух, нема реформи во образованието, здравството, го нема клиничкиот центар, се шета низ Европа и ги гази дебелите килими, а економијата колабира. Граѓаните се чуствуваат несигурно. Се изгуби редот на нештата. Македонија не е нормално место за живеење. И кога ваквите неправди се случуваат на највисоко ниво, можете само да замислите како е во секојдневниот живот кај обичниот човек. Колку само еден родител, татко, мајка, дедо и баба, брат или сестра се огорчени кога неправдите им стануваат дел од секојдневието. Колку само очај, страдање и немоќ предизвикува ова што го говорев, и тука нема висока политика, ова се реални теми. Прашањето кое си го поставува секој еден од вас е што е решението? Драги мои стојам пред вас и ви велам, јасно и доволно гласно, борбата против Заевизмот е битка за Македонија и нашата генерација“, рече Мицкоски.

Додаде дека појавата во македонската политика која ја препознава како „Заевизам“, мора да биде поразен, а изборите што доаѓаат ќе бидат референдум на народот.

„Сега е време да се чуе вашиот глас во политиката и моментот кога мора секој од вас да се определи. И навистина не е доволно да стоите пред малите екрани и да бидете само огорчени поради лошата реалност. Мора да одберете страна да излезете и да гласате. Мора да се одлучите. Или ќе гласате против сето ова што се случува, или ќе одбиете да влијаете на работите кои стануваат се полоши. А зависи од вас. Или сте со нас и заедно ќе се бориме, или ќе ја одобрите неправдата да стане закон. И добро знаете дека нема да биде подобро ако се продолжи вака. Да не ги повторуваме грешките од минатото кога предупредувавме како партија дека со овие на власт Македонија ја губиме. Дека ќе направат промена на име, идентитет, дека ќе ја понижат Македонија, дека лажат кога ветуваат живот. И несакам да звучам отмено и паметно и во стилот “ви рековме дека вака ќе биде” зошто знам дека сте имале доволно причини да гласате против нас, и ние сме поискусни и свесни за нашите пропусти во минатото, денес ви велам секоја задршка која постои кај некој од граѓаните да не поддржи сигурно е помала од опасноста и пропаста кон која власта ја носи Македонија. Од сите нас зависи што ќе избереме, поискусни сме, ги идентификувавме грешките и знаеме како. Вистинскиот мандат во оваа земја се помалку е во она Собрание кое толку многу пати ги прекрши процедурите, туку во народот на оваа земја. Силата е во вашиот глас и сега нема да има изговори. Сликата е многу јасна и совршено чиста. Само заедно да се обединиме и да влијаеме да ги промениме работите. Да се дочекаме на нозе. Нема изговори, и сите наши разлики се помали од нашата цел која е поголема и повисока од секој нас посебно. Ние тргнавме да го рушиме Заевизмот и за секој има место до нас, потенцираше Мицкоски.

Им се обрати и до оние кои се мислат дали да излезат да гласат.

„Значи не до оние уценети слуги на Заев кои работат на дугме, тие знам дека имаат задача и таму бизнис и притисоци се во прашање, и такви има се помалку, туку на оние чесни родољубиви луѓе, интелектуалци и искрени патриоти кои се разочарани од секојдневието, а на кои Македонија им е важна. Имаме ист противник, Заевизмот е наш противник исто колку што е и ваш. Но Македонија ни е заедничка. А бојкотот е слепа еднонасочна улица после која нема втор чекор. Тоа е ѕидот на власта. Нема втора опција и решение. Затоа да си подадеме рака и да ја искористиме неповторливата шанса да го поразиме Заевизмот на избори и само така да ја издигнеме Македонија. Да застанеме заедно под бајракот на заедничката победа“, дод Мицкоски.

Посочи дека додека премиерот оди во странство на балови, народот во Македонија вистински гладува.

„Дури и последната фалба за наводно рекордно ниво на странски инвестиции во земјава е лага. Од наводни 656 милиони евра, дури 500 милиони е реинвестираната добивка на странските компании што ги донесе владата на ВМРО-ДПМНЕ, затоа што во четвртиот квартал сите тие акумулираната добивка ја извадија и ја реинвенстираа зошто од 1-ви јануари наваму воведоа данок на реинвестираната добивка и им го зголемија персоналецот на распределената добивка“, рече Мицкоски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ потенцираше дека само бизнисите на власта овде цветаат и ништо друго.

“И во ваков еден уникатен систем Заевизам, при што нема друга држава во светот каде премиерот бил амнестиран за криминал и во исто време ослободен од гонење за криминал и поткуп додека бил на функција, раѓа и други уникатни девастирани блефери. Па така се одлучија да го кандидираат Стево Пендаровски за претседател. Значи толку голема е кадровската криза во СДСМ и откако ги вработија сите роднини на функционери и не остана незапослен роднина на функционер, започнаа нов процес да ги кандидираат луѓето по втор пат за иста функција иако веќе еднаш загубиле на избори. Незнам во СДСМ но ние на факултет ги викаме квадранти, луѓе кои по втор пат запишуваат иста година затоа што паднале претходата. И знам дека има некој кој што ќе рече дека еве од втор пат му успеа на Заев, ете тој стана премиер, иако реалноста е дека не победи на парламентарните избори. Јас би рекол не дај Боже да се дозволи втор Заев овој ат на функцијата претседател на држава, затоа што отиде Македонија. Овие двајца политичари кои се провлекуваат низ сета темнина на транзицијата и сите штетни политики овие дваесетина години, се многу слични навистина. Едниот еве гледаме се занимава со фалсикување избори, а вториот како претседател на ДИК аминуваше фасификат на изборите 2004та година. Значи едниот актуелен, а другиот со искуство. Нивното напред кое гледам како мото го применуваат всушност значи многу назад“, порача Мицкоски.

Порача дека Заевизмот мора да биде поразен, а изборите што доаѓаат дека ќе бидат референдум на народот.

„Сега е време да се чуе вашиот глас во политиката и моментот кога мора секој од вас да се определи. И навистина не е доволно да стоите пред малите екрани и да бидете само огорчени поради лошата реалност. Мора да одберете страна да излезете и да гласате. Мора да се одлучите. Или ќе гласате против сето ова што се случува, или ќе одбиете да влијаете на работите кои стануваат се полоши. А зависи од вас. Или сте со нас и заедно ќе се бориме, или ќе ја одобрите неправдата да стане закон. И добро знаете дека нема да биде подобро ако се продолжи вака. Да не ги повторуваме грешките од минатото кога предупредувавме како партија дека со овие на власт Македонија ја губиме. Дека ќе направат промена на име, идентитет, дека ќе ја понижат Македонија, дека лажат кога ветуваат живот. И не сакам да звучам отмено и паметно и во стилот “ви рековме дека вака ќе биде” зошто знам дека сте имале доволно причини да гласате против нас, и ние сме поискусни и свесни за нашите пропусти во минатото, денес ви велам секоја задршка која постои кај некој од граѓаните да не поддржи сигурно е помала од опасноста и пропаста кон која власта ја носи Македонија“, рече Мицкоски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ порача дека од сите граѓаните нас зависи што ќе избереме, поискусни сме, ги идентификувавме грешките и знаеме како.

„Вистинскиот мандат во оваа земја се помалку е во она Собрание кое толку многу пати ги прекрши процедурите, туку во народот на оваа земја. Силата е во вашиот глас и сега нема да има изговори. Сликата е многу јасна и совршено чиста. Само заедно да се обединиме и да влијаеме да ги промениме работите. Да се дочекаме на нозе. Нема изговори, и сите наши разлики се помали од нашата цел која е поголема и повисока од секој нас посебно. Ние тргнавме да го рушиме Заевизмот и за секој има место до нас„, потенцираше Мицкоски.