
Американскиот претседател Доналд Трамп во понеделникот рече дека претставува подметнување големата парламентарна истрага којашто ја започнаа демократите, кои бараат документи од 81 лице и организација, меѓу другите и од неговите синови и зетот, но сепак гарантираше дека ќе соработува.
Републиканскиот претседател повторно ги отфрли сомневањата за наводниот договор со Русија во текот на кампањата за изборите во ноември 2016 година, едена од темите на истрагата којашто официјално ја покрена Комитетот за правосудство на Претставничкиот дом, кој го контролираат демократите.
„Меѓутоа, јас соработувам со сите“, рече претедателот Доналд Трамп.
Влијателниот парламентарен комитет ги истражува сомневањата дека Трамп ги злоупотребил овластувањата, односно дека претседателот, неговите соработници и членовите на неговата администрација го попречувале правосудството, а некои се осомничени за корупција и други дејствија.
Станува збор за голема истрага којашто се занимава со сомнежите во наводното руско мешање во американските избори, вклучително и опструкци на правосудството и други видови на управување на Trump Organization, фондација на семејството Трамп.
Републиканците во Конгресот ги обвинуваат демократите дека работат на план за отповикување на претседателот Трамп, како дел од политичката стратегија да ја освојат битката за освојување на Белата куќа на иборите во ноември 2020 година.
Комитетот преку електронска пошта испратила дописи до 81 лице и организација, мешу кои се и двата сина на претседателот Ерик и Доналд трамп помладиот, како и зетот и еден од неговите главни советници Џаред Кушнер.
Дописи добиле и основачот на разобнличувачкиот интернет ресурс WikiLeaks, Џулијан Асанж, Ален Вејселберг, финансискиот директор на Trump Organization, личниот адвокат на претседателот Џеј Секулоув, поранешните фунцкионери на Белата куќа, меѓу кои Стив Бенон, Шон Спајсер и Хоуп Хикс, Тие треба да ги достава бараните документи до 18-ти март.„Белата куќа ги прими писмото на правосудната комисија“, во писмена изјава портпаролката на Белата куќа, Сара Сандерс.