Оклахома и Индијана го вратија брејкот

Екипите на Оклахома и Индијана се вратија во водство во полуфиналните серии од своите конференции, славејќи на гостувања против ЛА Клиперс, односно Вашингтон Визардс. Пејсесрси славеа со 85:63, додека Оклахома ги победи клиперси со 118:112 по што и двата тима ги вратија брејковите и поведоа со 2:1 во победи.

Пол Џорџ со 23 поени беше најефикасен на натпреварот, додека кај Вашингтон најмногу се истакна Бредли Бил со 16 поени. Кевин Дурант покажа зошто е МВП во НБА-лигата сезонава, и со 36 поени беше предводник на Оклахома до значаен триумф. Покрај Дурант, одлична игра прикажаа и Вестбрук со 23 поени и 13 асистенции. Кај ЛА Клиперс одлични беа Грифин (34 поени) и Крис Полс (21 поен и 16 асистенции).