Вебер: Турција не може да стане членка на ЕУ

Главниот кандидат на Европската народна пертија (ЕРР) на претстојните избори за Европскиот парламент, Манфред Вебер, изјави во вторникот дека Турција не може да стане членка на Европската унија, додавајќи дека тој ќе ги прекине пристапните преговори со оваа земја, доколку стане претседател на Европската комисија.

Манфред Вебер, кој е ткн „шпиценкандидат“ за претседател на Европската комисија на мајските европски избори, рече пред германските конзервативци во Баварија дека „сите сакаат добри односи со Турција, сите сакаме тесно да соработуваме“.

„Меѓутоа, доколку станам претседател на Комисијата, ќе им дадам налог на ресорите во Бирсел да ги прекинат простапните договори со Турција околу влегувњето во Европската унија. Турција не може да стане членка на ЕУ, тоа нека биде јасно!“, порача Вебер проследен со силен аплауз, пренесува Reuters.

Во октомври минатата 2018 година, турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган порача дека размислува на референдум да го стави прашањето за турското влегување во ЕУ, покажувајќи со тоа дека е погорчен поради бавниот процес којшто, според него, од почетокот е таков поради предрасудите кон муслиманите.

Турција ги започна преговорите за придружување кон ЕУ во 2005 година, дури 18 години по поднесувањето на барањето. Додека низа фактори ги забавуваа преговорите, особено кипарското прашање и отпорот на Германија и Франција на труското членство, во 2016 година пристапните преговори всушност пропаднаа.

Претходно минатата година шефовите на дипломатиите на членките на ЕУ изјавија дека Брисел не може да отвори нови поглавја, ниту да го модернизира договоро меѓу ЕУ и Турција за царинската унија поради тоа што Анкара не ги исполнила европските стандарди во разни области. Тоа предизвика гневен одговор од Турција, којашто вели дека членството во ЕУ и натаму ѝ е стратешка цел.