Време е Велика Британија а не Европската унија да се согласи на компромис за да се ратификува договорот за нејзиното напуштање на блокот, рече во петокот ирскиот премиер Лео Варадкар, оценувајќи дека одлуката на Британците да излезат од ЕУ е „проблем кој самите го создадоа“.
Преговорите за брегзитот меѓу Лондон и Брисел навлегова во ќорсокак и британскатга влада бара компромиси од ЕУ за британскиот парламент следната седмица да го ратификува договорот за раздружувањето кој го отфрли во јануари.
Британската премиерка Тереза Меј подоцна во петокот ќе одржи говор во кој треба да каже дека ЕУ „мора да донесе одлука“ дали ќе се согласи на компромис. Меѓутоа, нејзиниот ирски колега по должност Лео Варадкар вели дека Унијата тоа веќе го сторила и дека сега редот е на британската влада.
„Она што е договорен веќе е компромис. Тие не успеаја да осигурат ратификација на овој договор па би требало да се постави прашањето што сега се подотвени да ни понудат. Од нив не добивме никаква понуда во врска со оноа што би ни го дале за какви и да се промени“, порача ирскиот премиер Варадкар.
Двете страни спорат околу ткн „бекстопови“ на границата на Ирскиот остров, заштитен механизам со кој се сака да се избегне повторно воспоставување на физичка граница, ускината со мировниот договор, на границата меѓу Република Ирска којашто е членка на ЕУ и Северна Ирска, којашто е покраина на Обединетото Кралство.
Меј сака правно обврзувачки гаранции од ЕУ дека Британија нема да остана трајно заробена во овој механизам, кој предвидува целата земја да остане во царинската унија со ЕУ. Варадкар, пак, сугерира дека можниот компромис би можело да претставува враќање на претходната верзија на „бекстопот“, според кој само Северна Ирска, а не целото Обединетото Кралство, би останала поврзана со царинската унија со ЕУ.
„Ние бевме и ќе бидеме задоволни кога би се применил бекстопот само на Северна Ирска, доколку тие сакаат да се вратат на тоа… Доколку Северна Ирска е за ‘бекстоп’, зошто долниот дом на британскиот парламент би одел против желбите на граѓаните на Северна Ирска“, додаде Варадкар.
Испитувањето на јавното мнение, чиишто резултати се објавени во петокот, покажа дека 67 отсто од граѓаните на Северна Ирска би биле задоволни кога би останале на единствениот европски пазар и во цеаринската унија по брегзитот.