
Љубљанскиот универзитетски центар (UKC) во средата по цели два месеца ја отповика целосната забрана за посети на сите оддели поради грипot и респираторниte заболувања, и објави дека во тој период од епидемијата кај нив од тежок облик на грип починале 62 пациенти.
Од крајот на јануари до 25-ти март во најголемата словенечка медицинска установа се лекувале 1.114 пациенти со потврден грип, од што 559 биле хоспитализирани, а 62 заболени од грип починале, објави UKC во соопштение за јавноста.
Меѓу починатите имало и пет пациенти без пропратни хронични болести, меѓу нив и најмладиот починат кој имал 41 година, додека другите биле повозрасни и со хронични заболувања.
Во однос на сезоната на грипот и респираторните заболувања од претходните години, во UKC забележуваат дека годинешната епидемија донела многу повеќе заболени и потешка форма на грип од која заболувале и помлади инаку здрави лица.
„Годинешниот тип на грипот беше поагресивен, како и оној од 2009 година кога почесто заболуваа помладите и потполно здрави поединци. Грипот кај многу пациенти се одвиваше со тешка клиничка слика, со компликации, па и со респираторен застој“, изјави Матјаж Јереб, шеф на одделот за интензивна терапија при гклиниката за инфекциски болести на љубљанскиот UKC.