Најмалку 25 луѓе ги загубиле животите а уште 400 се повредени во силната бура ги погодила областите Бара и Парса на југот од Непал, пренесува порталот на весникот Himalayan Times.
Според портпаролот на полицијата на областа Парса, бројот на жртвите може да се зголеми, бидејќи операцијата за потрега и спасување и во блиските регионот. Информациите на очевидци велат дека биле уништени две села.
„Длабоко сум тажен поради оваа трагедија. Го изразувам своте најдлабоко сочувство до семејствата кои ги загубија најблиските“, изјавил премиерот Кадга Прасад Шарма Оли.
Локалните медиуми наведуваат дека невремето започнало околу 19,45 часот по локално време, или 15, 45 часот по македонско време, и траело околу еден час.