Му се слоши на Тони Јакимовски, со итна помош е пренесен на Клиниката за неврологија

Висок крвен притисок од 200 со 120 на обвинетиот Тони Јакимовски, обвинет во случајот за нелегалното прислушување беше причината да се одложи денешното судење за случајот „Таргет Тврдина“.

Откако тој во судница како обвинет го испрашуваше сведокот Ѕвонко Костовски, на Јакимовски му се слоши и беше повикана итна помош. Лекарите констатираа висок крвен притисок и со согласност на судијата, кој му одреди притвор на Јакимовски, тој беше пренесен на скопските клиники.

Освен висок притисок итната помош констатирала и отежнато движење на левата рака, а лекарите веднаш препорачале тој да биде прегледан и од специјалист. Инаку Тони Јакимовски е во притвор во кумановскиот затвор.