ЕП прифати директива со која Газпром не би имал монопол на доставувањето гас преку Северен тек 2

Европскиот паралемент (ЕП) во четвртокот ја прифати директивата којашто би требало да ја отстрани опасноста од создавање монопол над доставувањето и снабдувањето со гас во Европската унија, на што предупредуваат критичарите на гасоводот Северен тек 2 со кој се удвојуваат испораките на руски природен гас во Германија а со кој управува рускиот енергетски гигант „Газпром“.

Според новата регулатива, сите гасоводи кои на подрачјето на ЕУ пристигнуваат од земји кои не се членки ќе бидат опфатени со законодавството на Унијата, и сопственикот на гасоводот нема да може да има контрола и над испораките на гас, бидејќи гасоводот може мора да биде достапен и за друг операпори. Во Брисел сметаат дека бидејќи руската државна компанија Газпром е засега единствен акционер на гасоводот Северен тек 2, со демонополизацијата се сака да се спречи поголемо влијание на Русија. Балтичките и земјите од Вишеградстката група, исто така, стравуваа дека ќе мора преку Германија да купуваат гас по повисоки цел отколку што досега го купуваа, и затоа се противеа на градењето на гасоводот кој ќе ја заобиколи Украина.

Проектот Северен тек 2 вклучува изградба на две гасоводни лини со вкупен капацитет од 55 милијарди кубни метри гас годишно од руското крајбрежје преку Балтичкото Море до Германија. Новиот гасовод, според планот, треба да биде доизграден во текот на 2019 година. Тој ќе минува низ територијалните или екслузивни економски поморски води на земјите лоцирани долж бреговите на Балтичкото Море: Русија, Финска, Шведска, Данска и Германија. Од споменатите земји, компанијата „Nord Stream 2 AG“ треба да обезбеди дозвола за градење само уште од Данска.

Единствениот акционер на „Nord Stream 2 AG“ е Газпром. Претходно беше планирано Газпромсе во заедничкиот проект Северен тек 2 во компанијата којашто би го реализирала проектот да има 50 отсто удел, додека остатокот од по 10 отсто да им припадне на компаниите „Uniper“ (поранешен E.ON), BASF/Wintershall, Shell, OMV и ENGIE. Меѓутоа, партнерите се откажаа откако се појавија проблемите со полската агенција за антимонопол.

Европските партнери, пак, од своја страна ветија дека ќе го финансираат Северен тек 2 со вкупно 50 отсто, односно ссекој со по 950 милиони евра. Газпро, ќе ја обебеди другата половина од средаствата во износ од 4,75 милијарди евра. Истовремено, компаниите учеснички во проектот планираат 70 отсто од инвестициите да ги покрија со провлекување ткн проектно финансирање. Вкупните трошоци за проектот се проценуваат на сума од 9,5 милијарди евра.

„Она што некои на пазарот би им донело добиква , на нашите граѓани и на енергетската унија како целина би ѝ донело повеќедомензионирана загуба. Од сеега сите гасоводи од земјите кои не се членки на ЕУ, вклучително и Северен тек 2, ќе мора да функционираат според правилата на ЕУ. Пречесто испораката на гас се користио како политичко оружје. Не можеме да го разоружиме другите од лошите намери, но можеме да се вооружиме себеси со правна јаснотија и доследност на постојното законодавство. За тоа се работи во енергетската унија и во оваа изменета директива“, тврдеше известителот полскиот пратеник Јиржи Бузек од Европската народна партија (EPP) идодаде дека тоа се однесува на пристапот на трети страни, раздвојување на сопствеништвото, недискриминациски тарифи и транспарентност што „значи поголема енергетска сигурност на нашиот континент“. Европската унија е зависна од увоз на глас, и со повеќе од 70 отсто од гасот го увезува, при што речиси половината го добива од Русија. Во моментов Вашингтон прави притисок за увозот не неговиот течен гас (LNG) во земјите во ЕУ, но тоа за повеќето од нив, вклучително и за Германија, е сѐ уште скапо поради гломазната инфраструктура потребна за неговите испораки.

Директивата е усвоена со 465 гласови „за“, 95 „против“ и 68 воздржани пратеници. Со изменетите правила на ЕУ ѝ се дава исклучива надлежност кога станува збор за договороти за новите працци за снабдување со гас во ЕУ со трети земји, а на Европската комисија ѝ останува можноста, сепак, да дообрува исклучоци. А токму критичарите на Северен тек 2 го истакнуваа недоследниот став на ЕК по прашањето на рускиот гас.

Во март Европскиот парламет усвои резолуција со којашто побара запирање на градбата на Северен тек 2. Европарламентарците тогаш тврдеа дека „Северен тек 2 ја зајакнува зависноста на ЕУ од руското снабдување со гас, се загрозува внатрешниот пазар на ЕУ и оти не е во согласност со енергетската политика, ниту со стратешките интереси на ЕУ, поради што трева да биде запрен, како и дека Русија „ја користи енергетската политика како политичко средство за спроведување, одржување и зголемување на политичкото влијание и притисокот врз региони за кои смета дека се под нејзино влијание“.

Имено, градењето на Северен тек 2, на што инсистира Германија, предизвика негодување од централноевропските членки на ЕУ, но Европската комисја на почетокот од годинава го одобри проектот откако Франција во последен момент застана зад Берлин. Европската комисија, пак, сосема поинку постапи во 2014 годин, кога го запре планираното градење на госоводот Јужен тек, преку кој рускиот гас ќе се снабдуваат европските земји преку Балканот, преку влезот во Бугарија која е членка на ЕУ. Токму 13 од 17 бугарски европратеници беа против или воздржани на гласањето за новите правила.