Командантот на Либиската национална армија, маршалот Халифа Хафтар издал наредба да се изведе напад врз Триполи, објави телевизијата Al Hadath.
На објавеното видео воениот челник ги повикува жителите на либиската престолнина „да го положат оружјето и да подигнат бело знаме“. Хафтар, исто така, им наредил на своите сили да ја осигураат безбедноста на странските државјани во дипломатските и трговските претставништва во Триполи и да не се отвора оган врз цивили.
Како одговор на објавата на Хафтар, шефот на владата на националното единство Фајез Сираџ им наредил на војниците под негова контрола да го заштитат главниот град, објави електронското издание на весникот Al Marsad, повикувајќи се на потпишан документ во кој изданието имало увид. Според документот, неопходно е „да се подигне нивото на подготвеност до максимум“ и да се мобилизираат армиските единици. Сараџ наредил да се ангажира авијацијата и да се примени сили „со цел да се даде отпор на оние кои се закануваат на животите на невините цивили и виталните објекти“.
Извори од силите под команда на Хафтар тврди дека маршалот смета дека ќе ја има контролата на Трипол за 48 часа. Според него, „неоспорно е да се оспори супериорноста на воената моќ на Хафтар“, и тој единствено може да биде спречен со вмешување однадвор.
По соборувањето на власта на Гадафи во октомври 2011 година, судирите меѓу ривалските племиња во Себха се редовна појава . Либија, каде што веќе осма година трае борбата за власт, досега не успеа да воспостави ред и безбедност на својата голема територија, на која беснее безвластието и крвавите судири на поранешните бунтовнички фракции, а зајакнуваат и радикалните исламистички групации како Исламската држава.
Од летото 2014 година Либија има два парламента и две влади, избраниот на општите избори парламент заседаваше во градот Тобрук, а другиот на происламскиот Сеопшт национален конгрес заседаваше во Триполи. Притоа, многу региони не ги контролираат централните власти и тие, особено на медитеранскиот брег, кои своевремено паднаа во рацете на борците на Исламската држава, а џихадистите беа зацврстени во Сирт од каде по долги борби беа истиснати од градот.