Неименувана група хакери пробила неколку сајтови поврзани со американското Федерално биро за истрага (FBI), и објавиле на интернет лични податоци на илјадници агенти и полициски службеници, пренесува интернет изданието TechCrunch повикувајќи се на еден член на хакерската група.
Според порталот, хакерите „ја искористиле ранливоста“ во заштитата на најмалку три сајта од одделенијата на Асоцијацијата на националната академија на FBINAA, којашто, меѓу другото, се занимава со обука на полициски службеници.
На својот сајт хакерите подигнале за преземање неколку десетици датотеки, кои содржат имиња, позиции, телефонски броеви, домашни адреси, лична и службена електронска пошта на членовите на споменатата асоцијација, пишува порталот. Притоа не се наведува името на сајтот на кој биле објавени податоците.
Хакерот, исто така, за порталот рекол дека групата „пробила повеќе илјади сајтови“. Според него, хакерите располагаат со „повеќе од милион податоци“ за соработниците на неколку федерални агенции и државни организации.
Од Асоцијацијата на националната академија на FBI сѐ уште на ја коментирале објавата на порталот.