
Според анкетата на емисијата Детектор на Сител телевизија , кај Македонците убедливо води кандидатот за претседател на ВМРО-ДПМНЕ Проф. д-р Гордана Силјановска Давкова.
Според испитаниците на анкетата дури 54,7 проценти Македонци кои учествувале во истражувањето изјавиле дека имаат позитивно мислење за Гордана Силјановска Давкова, додека пак заедничкиот кандидат на СДСМ и ДУИ Стево Пендаровски има 46, 1 проценти позитивно мислење , меѓутоа поголем е процентот на граѓани Македонци кои што имаат негативно мислење за Пендаровски.
Анкетата покажува дека Силјановска води со над 8 проценти кај Македонците што значи дека во наредниот период можно е зголемување на поддршката.