
Вкупно 60 македонски државјани во Србија во саботата 7 до 19 часот можат да го остварат своето граѓанско право за избор на нов претседател на земјавт.
До 13 часот излезеноста е околу 30 отсто. Гласањето тече без проблеми и ќе трае до 19 часот кога се затвора гласачкото место, јави дописникот на МИА.
„Гласањето почна на време и тече без проблеми. Излезеноста до 13 часот е околу 30 отсто“, изјави в.д. амбасадорот Александар Поповски и претседател на Избирачкиот одбор на избирачкото место 5025 во Амбасадата во Белград.
Македонските државјани во Србија втор пат гласаат на претседателските избори. Пред пет години во Белград гласаа 241 граѓанин.