6.8 C
Skopje
понеделник, февруари 3, 2025

До 13 часот на претседателските избори гласале малку над 20 отсто од запишаните гласачи

До 13 часот во неделата на избирачките места на шестите претседателски избори во Република Мекдонија, гласале 284.942 гласачи, што претставува 20,45 отсто од вкупниот број на запишани избирачи, соопшти на прес-конференција портпаролката на Државната изборна комисија (ДИК), Љупка Гугучевска.

На сите гласачки места од 7 часот гласањето тече непрекинато и без проблеми. Само во едно гласачко место во Студеничани не се гласа, информираа од ДИК.

До 13 часот, од процесуираните 75,57 отсто од гласачките места, добиените податоци укажуваат дека на гласање излегле 284.942 гласачи, што е 20,45 отсто од вкупниот број на запишани избирачи.

Најголема е излезноста во Прилеп 35,2 отсто, потоа во Новаци 33,12, во Свети Николе 31,10, во Неготино 29,02 а во Прибиштип 30,62 проценти.

Најниска илезност на ибирачитем, пак, има во Липково 5,43, во Желино 6,62 и во Врапчиште 7,5 отсто.

На 3.480 избирачки места во републикавана на шестите претседателски и предвремените локални избори за градоначалник на Охрид, Дебар и Ново Село можат да гласаат 1.808.131 граѓанин запишани во избирачкиот список.