Ветеранот на СДСМ Џеват Исени на својот Фејсбук профил пишува дека на одредени функционери на СДСМ им дал до знаење оти на погрешна страна го водат орото и токму затоа дава поддршка на Блерим Река.
Јас Џеват Исени функционер, ветеран на СДСМ кажав и јавно се произнесов дека со погрешната политика на Г-динот Кирацоски кој е генерален секретар на партијата во која долго време вложував во неа со целиот мој труд за да рушам режим и диктатура заедно со овие луѓе се боревме дека долгогодишниот режим заедно, и останаа на нивниот став дека навистина треба да дојде живот во РСМ.
На неколку средби и разговори во седиштето на СДСМ на одредени функционери им дадов до знаење дека на погрешна страна го водат орото.
Наспроти тоа што лидерот на СДСМ го информираа и го напојуваа со лажни информации и го тапкаа по рамо никогаш нема да ја погазам неговата заслуга на меѓународно поле и успех за надворешната политика.
Меѓутоа, конечно дојде време да кажам дека јавно се спротивставував и критикував одредени функционери во раководството на СДСМ каде секојдневно плачеа и кукаа зошто сум ги критикувал, бараа мое разрешување, но јас само едно барав професионален и соодветен кадар, и заштита на мојот народ и граѓаните на Република Северна Македонија, зошто препораката на лидерот од првиот ден беше таа.
Во однос околу албанското гласачко тело каде веруваа во мене, во тоа дека ќе има слух и разбирање и каде неколку пати тоа му го потенцирав на Генералниот секретар да посвети внимание на нивната застапеност во вработувањето, исто така го предупредив и во однос на македонскиот квалитетен кадар, професионален со соодветното нивно знаење и образование, вложен труд од родителите и од сами себе кој не се на соодветните места со нивните титули на магистри и доктори тој не го испочитува трудот на професионализмот, а со тоа си го покажа всушност својот квалитет како функционер.
На секоја моја препорака знаеше да ми се обрати со зборовите: Обрати се кај Зоран Заев и кај Оливер Спасовски зашто за тебе тие одлучуваат.
Јас не барав ништо за мене, барав воопшто за сите граѓани на државата, а сега да кажам за господата на сликава:
Ме почитуваа, ми ги отворија ширум вратите за консултации, за чесни разговори, интелектуалци и професионалци пред се.
Достапни за секој граѓанин на РСМ, без разлика на вера, партија и националност, за соживот во државата, за професионалниот кадар, за вистинско општество, и затоа докажаа и докажавме со 80.000 гласови СТОП да не манипулирате, СТОП за лажење на премиерот.
Затоа ќе завршам со оваа објава, другари мои јас секогаш сум истиот, транспарентен, борбелив и несоборлив, немој да пробате да ме уценувате, туку отрезнете се од длабокиот сон, ова не е победа, вака, токму вака 2006 год. се изгубија изборите, а сега може слободно да ме разрешите, но со аргументи. Се надевам еднаш за секогаш треба да се искористи метлата.
Им се заблагодарувам на моите подржувачи и активисти кои како и секогаш го слушнаа мојот глас, пишува Исени на Фејсбук.