![tu](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2014/05/tu.jpg?resize=297%2C170&ssl=1)
Македонија во март годинава ја посетиле 36.290 туристи, што е зголемување за 5,5 отсто во однос на истиот месец лани. Зголемен е и бројот на ноќевања за 7,5 проценти односно изнесувал 78.721, велат податоците на Државниот завод за статистика.
Бројот на домашните туристи во истиот споредбен период е зголемен за 20,6 отсто, а на странските е намален за 2,7 проценти. Бројот на ноќевањата на домашните туристи е зголемен за 16 отсто, а на странските за 1,8.
Во периодот од јануари до март годинава, во однос на истиот период претходната година, бројот на туристите е зголемен за 2,8 отсто.