Во два одделни слуачи во Битола и Киманово, полицијата во петокот поднела кривични пријави поради сомневања дека лицата се сториле кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.
Во првиот случај станува збор за 30-годишен жител на Битола, кој во затворот користел и продавал хероин. Имено, уште на почетокот од јули 2017 година, во Казнено-поправната установа Затвор – Битола, при претрес на пратка ка пријавениот, вработените пронашле и одзеле хероин и таблети бубренофин.
Во вториот случај се работи за 37-годишен жител на Куманово кој во март годинава, кога полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што тој фрлил пакување со марихуана.