Петицијата за прогласување на Папата за еретик собрала 3.400 потписи

Петицијата којашто го поддржува отвореното писмо на група ултраконзерватвини свештеници и теолози, во коешто се бара поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциск, да биде прогласен за еретик, собрала на интернет страницата Change.org до саботата напладне околу 3.400 потписи.

Група од 19 католички свештеници и теолози ги повикаа бискупите да го прогласат папата Франциск за еретик во најновиот од ткн ултраконзервативни напади врз поглаварот на Католичката црква поради низа прашања, од причеста до разведените, верската разноличност до несоодветните односи кон кризата поради сексуалното злоставување во црквата, пишува германската новинска агенција DPA.

Десетици католички теолози и членови на свештенството, но не и кардинали, го поддржале нивното отворено писмо на 20 страници датирано од 30-ти април.

„Ги преземавме овие мерки како последен обид да одговориме на таложењето на штетата која ја предизвикаа зборовите и делата на папата Франциск и поради коишто се случи една од најлошите кризи во историјата на Католичката црква“, порачаа во отвореното писмо во кое го нападнаа Папата поради ублажувањето на ставовите на Црквата за низа прашања. Тврдат и дека не се залагал доволно за борбата против абортусот, како и дека премногу ги прифаќа хомосексуалците, како и протестантите и муслиманите.

Авторите на писмото велат дека постои врска којашто може да се докаже меѓу „одбивањето на католичката подука“ од страна на папата Франциск и она што тие го гледаат како негова повластен однос кон свештениците кои ги поддржуваат неговите ставови, а се обвинети за сексуални престапи. Писмото наведува и дека „заштитата и промовирањето на свештениците кои ја отфрлаат католичката наука за бракот, сексуланата активност и за моралниот закон воопшто, дури и кога тие свештеници особено ги крштат моралните и граѓанските закони на страотен начин, доволно доследно за да може да се смета за политика на папата Франциск“.

Отворенотописмо нема официјална тежина за да ги убеди бискупите да покренат истрага или на некој друг начин да дејстввуаат и не го потпишал ниеден од восокопозиционираните црковни достојници.

Писмото е објавено во вторникот на конзервативната католичка веб страница LifeSiteNews, за којашто агенцијата наведува дека честопати се користи како платформа за напади на Папата. Така, минатата 2018 година објавиле документ на поранешниот амбасадот на Ватикан во Вашингтон, надбискупот Карло Марија Виган кој го повикал Папата да поднесе оставка.

Значителен дел од писмото се однесува на Радост на љубовта (Amoris Laetitia), документ на Папата од 2016 година кој се смета за „камен темелник“ на неговите обиди Католичката црка која има 1,3 милијарди припадници да ја направи поинклузивна и помалку да осудува. Папата Франциск во споменатиот документ ја повикува Црквата да биде помалку строга и посочувствителна кон „несовршените“ челнови, како што се разведените и оние кои подоцна повторно се венчале со цивилна церемонија.