![ramazan](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2016/07/ramazan.jpg?resize=480%2C270&ssl=1)
Верниците од исламската вероисповед го почнуваат рамазанскиот пост кој трае 29 дена.
Рамазан е период во кој исламските верници се молат и постат од изгрејсонце до зајдисонце, апстинирајќи од секаков вид храна.
Рамазан е деветти месец од лунарниот календар, кој се смета според мените на Месечината, а не по Сонцето. Тоа значи дека секоја година постот почнува 10 или за престапната година 11 дена порано.
Рамазан е месец на молитви и добри дела. Во текот на Рамазан припадниците на исламот треба да се чуваат од злодела и лоши мисли.
Постењето е верска обврска за секој полнолетен, здрав муслимански верник, но не е обврзувачки за стари и болни лица. Но има одредени категории верници на кои им е дозволено да не постат, како оние со тешка болест, бремените жени, лицата со психички проблеми, како и патниците кои во текот на месец Рамазан се принудени да патуваат повеќе од 81 километар.