Демократската унија за интергација (ДУИ) останува на својот став дека ветингот е подобро решение од „метлата“ која ја најави премиерот Зоран Заев.
Од партијата кажаа дека правни тимови веќе почнале со изготвување на предлог закон за формирање на регулаторно тело кое ќе го врши ветингот и ги анализираат искуствата од државите каде ветингот е воспоставен како пракса.
Според пратеникот Артан Груби со ветингот би биле опфатени министри, пратеници, градоначалници, директори, државни секретари, обвинители и судии и не би бил ретроактивен односно нема да важи за веќе именуваните.
Целта спред него е подобрување на владеењето на правото и животот на граѓаните.