Староновиот германски фудбалски првак минхенски Баерн во саботата убедливо стаса до трофејот и во националниот Куп откако на Олимпискиот стадион во Берлин со 3:0 го победи РБ Лајпциг.
Двоен стрелец за Баерн беше Роберт Левандовски, во 29 и 85 минута. Првиот погодок го постигна со одличен удар со глава од десетина метри по нафрлувањето од Алаба, а во завршницата реализираше контранапад по голема грешна на одбраната на Лајпциг. Стрелец беше и Коман кој во 78 минута силно шутираше од 15-ина метри.
За Баерн ова е 19-та титула во Купот до којашто стаса во своето 23-ти финале, додека РБ Лајпциг, кој постои само десет години, го играше своето прво финале.