Хант смета оти е потребен нов договор за брегзитот и нов тим за преговорите

Обединетото Кралство и ма потреба од нов договро за илегувањето од Европската унија, како и нов тим за преговорите во кој ќе бидат истакнатите конзервативци кои го поддржуваат брегзитот и членови на северноирската Демократска унионистичка партија (DUP), порача во вторникот еден од кандидатите за лидер на владејачката Конзервативна партија, Џереми Хант.

Хант, актуелниот министер за надворешни работи, рече дека за предлог-договорот за истапувањето од Европската унија кој ланскиот ноември го постигна премиерката Тереза Меј треба повторно да се преговара, додавајќи дека ирскиот „бекстоп“ би можел да биде променет.

Европската унија минатата седмциа по најавата за повлекувањето на Меј од премиерската позиција на 7-ми јуни порача дека нема повторно да преговата за договорот за брегзитот.

„Потребен ни е нов тим за преговорите, а во него треба да биде не само владата, туку и DUP и припадници на ERG. Мислам дека би требало да имаме и некого и од Шкотска и до Велс“, рече Хант кој споменувајќи го ERG, алудура на групата на Конзервативната патија и Европската истражувачка група , чиишто членови се залагаат за излегување од ЕУ без договор.

„Ако имате праведна распределба на сите гласови во својот преговарачки тим (…) мислам дека тогаш можеме да му гарантираме на Брисел дека раговараат со некој кој може да постигне договор“, смета Хант.

Според него, брегзитот без договор би претставувал политичко самоубиство за конзервативците кои многу лошо минаат на европските избори во неделата, освојувајќи само 9 отсто од гласовите, далеку за Партијата Брегзит на Најџел Фараж која освои 31,6 отсто.

„Доколку ризикуваме со одржување парламентарни избори пред спроведување на брегзитот, ќе бидеме уништени“, истакнува Хант, еден од десетте кандидати за наследника Тереза Меј, во разговорот за весникот The Telegraph. Единствен начин да му се покаже на Фараж дека не е во право, смета Хант, е да се спроведе брегзитот „со обединување и со влегување во нови преговори со ЕУ“.