Четворица убиени во пукање во Австралија

Четири лица се убеини а уште неколку други се ранети во вторникот во вооружен напад во градот Дарвин во северниот дел на Австралија, пренесуваат медиумите повикувајќи се на објава на локалната полиција.

„Полицијата може да потврди дека во моментов има четири жертви, повеќе повредени и неколку места на злосторства“, се наведува на профилот на Facebook на полицијата на регионот Северна територија, чиј админситративен центар е Дарвин.

Според весникот Sydney Morning Herald, инцедентот се случил во 18 часот по локално време, околу 10,30 по македонско време. По пукањето, осомничениот напаѓач побегнал во предградието Стјуарт Парк, каде што исто така отворил оган, а потоа и во предргадието Вулнер.

Според полицијата, во моментов осомничениот е во притвор, а полициската операција продолжува. „Полицијата не смета дека инцидентот е поврзан со тероризам“, рекле полициски извори.

Весникот NT News повикувајќи се на полициски извори пишува дека напаѓачот прво отворил оган од пушка врз гости на хотелот „Palms“ во Дарвин пукајќи преку вратите на хотелските соби, а потоа криејќи се на периферијата од градот по еден час повторно отворил оган врз случајни минувачи. Според изворите на весникот, осомничениот е 45-годишен маж по потекло од регионот на Кавказ, и се верува оти дејствувал сам.