Ќе се зголемуваат цените на становите во државата, иако голем дел од нив се непродадени. Според градежниците, цените ќе се зголемуваат затоа што се зголемени и трошоците за градба. Истовремено, тие најавуваат и пораст на платите на градежните работници, поради сѐ поголемиот недостиг на работна сила во оваа дејност.
Во споредба со минатата година, сегашните цени на становите се повисоки за околу 15 проценти, а какви ќе бидат новите цени за метар квадратен станбена површина, дополнително ќе се одредува.
Според градежниците, добро е становите да поскапуваат затоа што тоа води кон зголемување на стандардот и на платите.
Инаку, сегашната цена за метар квадратен во Скопје изнесува меѓу 1.000 и 2.000 евра, зависно од локацијата. Најскапи се становите во Аеродром, Карпош и Центар.