Земјоделците кои немаат поднесено барање на субвенционирање, тоа можат да го сторат до 31 мај. Заинтересираните треба да поднесат барање во подрачната единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, каде го имаат регистрирано земјиштето.
Од Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството (АФПЗ), информираат дека барањето може да се поднесе и по електронски пат, доколку претходно земјоделците се регистрирани во Единствениот регистар на земјоделски стопанства и во Регистарот за идентификација и регистрација на домашни животни.
Одгледувачите на говеда, овци, кози, пчели потребно е да ја проверат и ако е потребно да ја ажурираат состојбата кај ветеринарното друштво со кое имаат склучено договор.