Рускиот претседател Владимир Путин изјави во интервју објавено во четвртокот дека односите меѓу Москва и Вашингтон се сѐ полоши и потсети дека сегашната американска администрација наметнала десетици санкции против Русија, а истовремено руските пратеници порачаа дека нивната земја секако ќе одговори на најавата на американскиот претседател Доналд Трамп за прекомандување на уште 2.000 американски војници во Полска.
Путина ваквата оцена ја даде во пресрет на самитот на Г20 во Јапонија кој ќе се одржи подоцна во јуни, а на кој според најавите од Вашингтон, може да дојде до средба со американскиот претседател Доналд Трамп. Но Кремљ претходно соопшти дека нема најави за таква средба.
Американско-руските односи, пак, се тензични со години наназад поради низа прашања, од конфлитките во Сирија и Украина, до наводното руско мешање во американскиот изборен систем.
„Тие (односите) се влошуваат, сѐ полоши и полоши се. .. Сегашната администрација одобри неколку десетици одлуки за санкции против Русија последните години“, изјави Путин за телевизијата Мир.
Меѓутоа, изразува надеждека односите со САД ќе се подобрат и дека „на крајот ќе надвладее здравиот разум“. Путин верува дека сите земјите од Г20, вклучително и Русија и САД, на самитот во Осака ќе можат да донесат одлуки кои ќе бидат конструктивни и ќе ги создадат потрените стабилни услови за економска соработка.
За разлика од односите со Вашингтон, тие со Пекинг „цутат“, рече Путин. А продлабочувањето на стратешкото партнерство меѓу Русија и Кина предивикува загриженост во САД.
Трамп во средата за новинарите во Белата куќа рече дека ќе се сретне на самитот на Г20, но Кремљ ден претходно рече дека идејата за средбата не е официјално дадена и дека треба уште да се зборува за нејзините поединости.
Трамп рече и дека се надева на „одличен однос со Русија“, но истовремено порача дека разгледува воведување санкции поради рускиот гасовод Сверен тек 2 до Германија и вети и испраќање на дополнителни 2.000 американски војници во Полска, што го барала Варшава за да одврати наводно можна руска агресија.
На последната најава руските пратеници во четвртокот порачаа дека новото американско распоредување војници во Полска, ќе ја принуди Москва соодветно да одговори, и притоа предупредува дека оваа земја ќе биде легитимна цел во случај на конфликт. Руските пратеници, исто така, велат дека американската стратегија предвидува и испраќање беспилотни летала во Полска чија цел би биле руските западни гранции.
„Доколку дојде до таков судир, да не даде Господ, територијата на Полска би била легитимна цел за одмазнички удар кога ненадејно би биле нападнати“, изјавил за приватната новинска агенција Интерфакс, Владимир Џабаров, заменик на претседателот на комисијата за меѓународни прашања на горниот дом на рускиот парламент.
Друг пратеник, поранешниот командант на руските специјални сили, Владимир Шаманов, кој сега ја води комисијата за одбрана во долниот дом, изразува загриженост поради американските дронови во Полска, бидејќи тие може да носат нуклеарно вооружување.
„Светот постепено се лизга кон опасниот момент кој може дасе спореди со Карипската криза“, рекол Шаманов алудирајќи на кубанската ракетна криза во 1962 година меѓу САД и тогашниот Советски Сојуз кој го доведе светот на работ од глобална војна.
Рускиот парламент не е вклучен во однос на носењето одлуки за надворешната политика, совен во ситуации кога Кремљ бара одобрување од горниот дом Сенатот за воена операција.