
На емисија „Отворено на Алфа“ гостуваше Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски при што истакна дека владата и Управата за јавни приходи имаат дупка од три милијарди денари уште во првите пет месеци од годинава и посочи дека кога министерот за финанси Драган Тевдовски се фали дека собрал повеќе персонален данок, треба да се каже дали за толкав процент услугата кон граѓаните е подобрена
„Навистина сум вчудовиден со која леснотија министерот за финансии кажа дека Буџетот добро се полни. Но од оние информации кои што јас ги имам делот на полнење на буџетот кој што доаѓа преку УЈП мислам дека не е така. Затоа што потфрлањето од јануари до мај месец е многу поголемо во однос на планираното собирање на даноци во буџетот. И освен тоа да кажам дека не ја говори вистината и не можам друго што да кажам. Сега дали не ја говори вистината за да купи повторно да кажам определено политичко време пред да се случи некој нов економски шок и потрес во државава. Тоа не ми е јасно кој се неговите мотиви, дали се од политичка природа или нешто друго?“, праша Мицкоски.
Но вистината, продолжи претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, е дека не се полни како што треба и оти информации со коишто располага говорат дека некаде нешто повеќе од три милијарди денари се помалку собрани, нешто над 50 милиони евра помалку се собрани пари од тоа што е планирано за периодот јануари – мај оваа година.
Мицскоски ја коментираше и изјавата на Тевдовски дека во буџетот е зголемен приливот на средствата поради прогресивниот данок за некои 17, но притоа запраша дали услугите на државата кон граѓаните се зголемени за исто толку проценти.
„Замислете министерот за финанси се фали дека од граѓаните собрал повеќе во буџетот и вели дека тоа го направил за некои 17 проценти. Веднаш како граѓанин, не како претседател на опозицијата можам да го прашам, дали за 17 проценти услугата кон мене е зголемена, бидејќи сте собрале 17 проценти повеќе од граѓаните“, потенцираше Мицкоски.