3.8 C
Skopje
сабота, декември 21, 2024

Арсовски: Заев си го реизбра истиот Извршен одбор на СДСМ

Се тресеше гората во СДСМ, се роди глушец. Цел еден месец Зоран Заев, СДСМ и сите нивни сателити ги малтретираа граѓаните дека СДСМ ќе го зафаќала метлата, ќе го реформирале, а всушност деспотот Заев си го реизбра истиот Извршен одбор. Старо-новиот извршен одбор на Зоран Заев во СДСМ од 16 назначени членови, 10 се истите од претходниот пат, изјави на прес конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Димче Арсовски.

„Очигледно е дека Зоран Заев во овој театар кој им го приреди на членовите наместо метла, одговорност и реформи, направи простор за да си ја зацврсти позицијата претседател на партијата односно да не биде сменет за сите погрешни политики коишто ги води и одговорноста којашто ја бара членството од него. Во глобала, се е исто во СДСМ само Кирацовски го нема. На местото на Кирацовски назначен е најнеспособниот министер за земјоделие кој изминативе две години плукна на маката на земјоделците.“. рече арсовски.

Според Арсовски во старо-новиот Извршен одбор на СДСМ останаа и најнеуспешните градоначалници како што се Петре Шилегов, Благој Бочварски и Стефан Богоев, градоначалници кои со прст немаат мрднато изминативе година ипол за нивните општини и за граѓаните коишто живеат во нив.

„Всушност затоа и тројцата ја губат поддршката од граѓаните, а тоа се виде и на последните избори каде што добија огромен шамар од граѓаните и им се намали поддршката и довербата.“

-Зоран Заев во старо-новиот Извршен одбор го остави и најнеспособниот министер за финансии во историјата на Република Македонија. Тоа е Драган Тевдовски, кој ги подготви најголемите буџети во историјата, ги крена даноците и акцизите, ги осиромаши граѓаните, потроши 10 милијарди евра за 2 години, а нема ниту еден единствен проект и резултат којшто можат да го видат и да имаат било каков бенефит граѓаните од него, подвлече Арсовски и потенцираше:

„Тука се и Фросина Ременски која е единствената пратеничка која подготвува закони за да може нејзиниот маж да исполни критериуми за одредени позиции, а Заев за своето неработење ја награди и Рената Дескоска, актуелната министерка за правда, која претходно го унакази образованието, а сега сака да му одработи закон со којшто подоцна ќе се заштити самото СДСМ и Зоран Заев од понатамошни гонења. Есра Салихи, Ѓоко Танасковски, Кети Василевска, Нина Велкова, Коста Костадинов се истите луѓе кои и претходно беа во Извршниот одбор на СДСМ и раководеа со СДСМ.“

-Зоран Заев е готов. Тој само се обидува да си го задржи своето место во партијата каде што ја губи поддршата помеѓу членството. После овој театар којшто го подготви и каде што ги остави само неговите лојални војници во рамките на органите на партијата, јасно е дека се подготвува и му следи пораз на наредните избори. Ќе биде поразен на наредните избори кога и да се случат. Сите овие луѓе коишто ги набројав се истите кои и претходно го водеа СДСМ и сите овие луѓе се заслужни за крахот на Република Македонија и одложувањето на датумот за преговори коишто сепак не знаеме кога ќе го добиеме. При ваква реконструкција во партијата, веќе е јасно каква ќе биде реконструкцијата во Владата. Од лошо – полошо. Зоран Заев мора што побрзо да си замине од Владата и да ги ослободи граѓаните од неговата неспособност, изјави портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Димче Арсовски.