Трамп собра 25 милиони долари за неколку часа

Американскиот претседател Доналд Трамп собрал речиси 25 милиони долари донации во првите неколку часа по објавата на кандидатурата за вториот претседателски мандат, значително надминувајќи ги противниците од Демократската партија.

Доналд Трамп во втроникот во сојузната држава Флорида ја започна предизборната кампања за новиот мандат. Флоридата со своите 29 електорски гласови е важна сојузна држава во американските претседателски избори. На Флорида во 2000 година се случуваше вистинска драма коај Врховниот суд, по неверојатниот повеќенеделен заплет, прогласи победа на Џорџ В. Буш над Ал Гор со 537 гласови предност.

Меѓу демократите поранешниот американски потпретседател Џо Бајден собра малку повеќе од 6 милиони долари во првите 24 часа по објавувањето на кандидатурата, а и сенаторот  Берни Сандерс собра речиси исто толку во истиот периот. Весникот The New York Times пишува дека Бајден досега собрал речиси 20 милиони долари, од почетокот на кампањарта во април.

Американските претседателски избори ќе се одржат во ноември 2020 година.