Прво би сакал да кажам дека нема да гласам за било кој од предлозите на оваа влада, на овој мандатар и овие министри затоа што ниту еден од министрите на Зоран Заев и СДСМ не ја оправда довербата во изминатите две години. Не ја оправда довербата затоа што буквално ништо од оваа програма наречена План за живот во Македонија, не е реализирано, вели Влатко Ѓорчев пратеник на ВМРО-ДПМНЕ на денешната собраниска седница.
Истакна дека со СДСМ на власт, Македонија има најниска стапка на реализирани капитални инвестиции, додека пак во 2008 година со ВМРО-ДПМНЕ имало реализирано 78 проценти.
Во 2008 година биле реализирани 78 проценти од капиталните инвестиции, во 2009 година 70 проценти, 2010- 87 проценти, 2011 година има реализирано 84 проценти, 2012- 88 проценти, 2013 има реализирано 82 проценти, 2014 има реализирано 84 проценти, 2015- 84 проценти, 2016- 76 проценти, 2017 има реализирано 84 проценти реализација на капитални инвестиции, кажа Ѓорчев.
Опозицискиот пратеник ја коментираше и изјавата на Зоран Заев дека пред два месеца ветувал оти Македонија ќе започне преговори со Европската унија, но посочи и дека и по сите ветувања од страна на премиеротв, Македонија не добила датум за почеток на преговорите, потенцирајќи дека исто како и за програмата ветувал ама ништо не исполнувал.
Ѓорчев констатираше дека само во првите две години од програмата на владата Заев ветил изградба на многу проекти, но и после две години од власта, СДСМ нема никаква реализација.
Во првите две години од вашата програма, на страна 248 велите ќе изградиме крак од железничката станица Миладиновци кон индустриската зона Бунарџик, абер немате, шајка не е ставена. На страна 246 велите ќе ја електрифицираме пругата Скопје, Скопје Север, Ѓорче Петров, Волково, Блаце, абер нема од таа работа, велите во вашата програма дека ќе изградите нова пруга од Аеродромот Александар Велики до Миладиновци со што ќе отвориме железнички превоз, а таму единствено што направивте е што ја сменивте таблата со името на Аеродромот, посочи Ѓорчев.