Трамп иронично го повика Путин да не се меша во изборите во САД, овој го покани во Москва на 75-годишнината од Денот на победата

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави во петокот на маргините од самитот на Г20 во јапонска Осака, дека има срдечен однос со рускиот претседател Владимир Путин, кому на шега со ироничен призвук му рече да не се меша во американските избори следната 2020 година.

Двајцата челници уште претходно во петокот го привлекоа вниманието на јавноста и новинарите кога дојдоа истовремено, малку подоцна од другите лидери, на традиционалното заеднички фотографирање. Ова е нивен прв состанок откако Трамп го откажа состанокот со Путин кој требаше да се одржи во Аргентина на маргините од самитот на Г20 во декември минатата година.

„Не се мешајте во изборите“, рече Трамп иронично свртувајќи се кој Путин откако еден од новинатите на маргините од самитот го праша за можното наводно руско мешање во американските претседателски избори во 2020 година.

Ова е првата официјална средба меѓу челниците на двете супер сили во период од речиси една година. Според претстаниците на двете страни, разговорите меѓу американскиот и рускиот челник траеле 1 час и 20 минути, но не се наведува дали овојпат бил пробиено претходно договореното времетраење.

„Ние имаме многу многу добар однос. Полно многу позитивни работа ќе произлезат од овој однос“, рече Трамп на почетокот од билатералната средба со Путин. Трамп рече дека со Путин ќе разговара за трговијата, разоружувањето и протекционизмот.

Путин пред средбата за новинарите рече оти верува дека состанокот со Трамп е добра можноста да се продолжи дијалогот по самитот во Хелсинки, каде што двајцата челници се сретнаа во 2018 година.

„Долго се немаме видено“, рече Путин додавајќи „има за што да се разговара“, како и дека администрациите на двете земји во меѓувреме „напорно работеле“.

Билатералната средба меѓу двајцата лидери следеш по првиот заеднички состанок во рамките на самитот на Г20, а како што истакна претставникот на Кремљ, Путин и Трамп се осврнале на многу теми, но немале можност сите поподробно да ги дискутираат поради временските ограничувања.

Во сооппштението на Белата куќа, пак, се истакнува дека Трамп и Путин се согласиле дека подобрувањето на односите меѓу САД и Русија е „во интересот на двете земји и на целиот свет“.

„Двајцата лидери се согласија дека поодбрувањето на односите меѓу САД и Русија е во заеднички интерес на целиот свет. Претседателите се согласија дека и двете страни ќе ги продолжат разговорите за моделот на контрола на оружјето на XXI век, којашто, како што претходно изјави претседателот Трамп, треба да ја вклучат и Кина“, се истакнува во соопштението на Белата куќа.

Путин и Трамп особено биле согласни за неопхдоноста да се разгледаат факторите кои го попречуваат продлабочувањето на билатералните односи. „Тие разговараа за нивото на двостраните трговски и економски односи, кои во никој случај не одговораат на потенцијалите на нашите две земји“, рекол по средбата портпаролот на рускиот претседател, Дмитриј Песков.

Двајцата лидери, исто така, во текот на разговорите за меѓународните односи и светската трговија, ги отвориле прашањата за ситуациите со Кина, Сирија, особено во нејзината покраина Идлиб, како и за Турција, Украина, Иран, Венецуела.

„Многу детално зборуваа за прашањата од разоружувањето, прашањата за стратешката стабилност“, додаде гласноговорникот на Кремљ. Притоа појасни дека претседателите се договориле шефовите на дипломатиите и челниците на министерствата за финансии на двете земји да продолжат да разговаат за овие теми поконректно.

Во текот на средбата Путин го поканил Трампо следната година да ја посети Москва по повод 75-годишнината од завршувањето на Втората светска војна, што во Русија се празнува на 9-ти мај како Ден на победат и крај на Големата татковинска војна.

„Трамп позитивно го прими ова и рече дека ќе ја очекува официјалната поканаа, што секако, дефинитивно ќе му биде испратена во текот на следните неколку дена“, откри за новинарите Песков.

Портпаролот на Кремљ оцени дека генерално средбата меѓу Путин и Трамп се одржала во позитивна атмосфера, оти кај двајцата лидери има расположение да се воспостави дијалог меѓу двете земји.