Славниот британски музичар, еден од основачите на легендарните The Beatles, Пол Маккартни, го изведе хитот „Helter Skelter“ заедно со Стивен Тајлер, пренесува во неделата магазинот The Rolling Stone.
Викалистот на рок бендот Aerosmith беше една од ѕвездите кои гостуваа на концертот на Маккартни во Лас Вегас.
„Имам посебен гостин за вас, г-дин Стивен Тајлер“, рекол Пол Маккартни пред масата обожаватели додека на нивен повик се враќал на сцената на бис.
Потоа на сцената излегол Тајлер, и двајцата славни музичари го извеле “Helter Skelter“, хитот на The Beatles. Кон крајот од нумерата, Маккартни и Тајлер малку импровизирале со вокалите, забележува магазинот.
Во текот на своите концерти кон крајот на 1970-те години, Aerosmith често изведуваа нумери од култниот „White Album“, студискиот албум на The Beatles , од 1968 година, вклучително и компзицијата „Helter Skelter“.