Анархисти упаднаа во болница во Атина

Десетина лица, припадници на анархистичката групација „Рубикон“, упаднаа во средата во атинска болница, протестирајќи за смртта на една болничарка, јавуваат медиумите во грчката престолнина.

Анархистите оваа акција ја извеле во знак на протест поради смртта на болничарка од Ерменија која пред неколку дена за да избегне проверка и да биде уапсена, си го одземал  животот фрлајќи се од првиот кат на болницата.

Членовите на „Рубикон“ фрлиле летоци во дворот на болницата, стигнале до канцеларијата на заменик управителот, го изразиле пред него нивното незадоволство од трагичниот настан, по што си заминале.