Серена Вилијамс и Симона Халеп во финалето на Вимблдон

Серена Вилијамс, поранешната светска тенисерка број 1, се пласира во финалето на Вимблдон, откако денеска во вториот полуфинален меч славеше над чешката тенисерка Барбора Стрицова со 6-1 и 6-2.

За само час игра, Американката успеа да го обезбеди своето 11. финале на неофицијалното светско тениско првенство.

Ривал на Серена во финалниот меч ќе и биде Романката Симона Халеп, која денеска во првиот полуфинален меч ја совлада Украинката Елина Свитолина, со 6-1, 6-3.