Гугл (Google) повторно ќе се обиде да направи сопствена социјална мрежа, откако не успеа со Google Plus, која загасна во април оваа година.
Новата мрежа ќе се вика Google Shoelace (Врвка), и нејзината цел е, како што наведуваат од компанијата, да стане класична социјална мрежа, каде што корисниците објавуваат статуси, фотографии, видеа, се фалат со селфи од патувања и слично, туку да ги поврзе луѓето со заеднички интерес и потоа да ги натера да „се одвојат од екранот“ и да „се видат во вистинскиот живот“.
Како функционира новата мрежа? Вие избирате интереси и креаторите ви помагаат да се поврзете со луѓе од ист интерес, за да учествувате заедно во различни активности. Ако сте нови во градот, на пример, можете да најдете ентузијасти за трчање во парк или да разговарате до некој во локалната библиотека.
Важно е дека можете да споделувате активности со други луѓе, без разлика дали имаат Shoelace.
Во овој случај, не мора да креирате Фејсбук настан за да најдете луѓе со исти интереси.
Во моментов, сепак, не може секој да ја корист Shoelace. Пристапот до мрежата е само преку покана и за луѓето кои живеат во Њујорк. Дали мрежата ќе стане јавна, зависи од нејзиното претставување во тестовите.
Ако ништо друго, ова е релативно нова идеја за социјална мрежа. Google очигледно се обидува да не „спаси“ од дремењето пред телефоните со проектот Shoelace.