Британскиот министер за надворешни работи Џереми Хант му кажал на иранскиот колега по должност Мохамед Џавад Зариф во саботата дека Лондон ќе го забрза ослободувањето на запленетиот нафтен супертанкер „Grace 1“, докоолку Техеран гарантира дека тој нема да впловува во Сирија.
Британската Кралска морнарица го заплени минатата седмица иранскиот танкер во меѓународните води близу брегот на енклавата Гибралтар, поради сомневање дека ги кршел санкциите на Европската унија против Сирија. Иран инсистира Обединетото Кралство веднаш да го ослободи пловилото, и негира дека танкерот превезувал нафта од или за Сирија.
Ситуацијата ги засили тензиите во Персискиот залив, а Британија во четвртокот соопшти дека наводно нејзина фрегата морала да брани танкер кој ирански воени бродови наводно го попречувале да мине низ Ормутскиот теснец. Техеран оваа соопштение го карактеризираше како „лажна вест“ чијашто цел е ексалација на тензиите.
Хантвели дека во телефонскиот разговор Зариф бил конструктивен и оти рекол дека Иран сака да го реши спорот и не сака ексалација на тензиите.
„Му потврдив дека причината за нашата загриженост не е потеклото на нафтата од танкерот Grace 1, туку неговата крајна дестинација, како и дека Британија ќе го забрза неговото ослободување доколку добие ирански гаранции дека тој нема да вплови во Сирија по процесот во Гибралтар“, напиша Хант на Twitter.
Иран ги обвинува САД дека го наредиле задржувањето на танкерот. Вашингтон му наметна санкции на Иран, откако се повлече од меѓународниот нуклеарен договор од 2015 година, чијашто цел е целосно запирање на иранскиот извоз на нафта. Европските држави не наметнаа санкции против Иран, но ЕУ има санкции против Сирија во која од март 2011 година избувна граѓанска војна во која Западот и неговите сунитски регионални сојузници ги поддржуваат бунтовнциите.