Во финалетот на годинешното издание на африканското фудбалско првенство кое се одржува во Египет, ќе се сретнат Сенегал и Алжир.
Сенегал во првото полуфинале во Каиро го совлада Тунис со 1:0, по двете продолженија, додека потоа Алжир со 2:1 (1:0) ја надигра Нигерија.
Сенегал до победата стаса со автоголот на тунискиот бек Дилан Броно во 100 минута, по големата грешка на голманот Муез Гасен. Тунискиот голмна се обиде да избоксува нафрлување во неговиот петерец, но ја промаши топката кога потоа го погоди несреќниот Борно во главата и се одби во мрежата.
Инаку во регуларните 90 минути и двете селекции не реализираа по еден пенал. Први шанса во водство да дојдат имаа Тунижаните, но Герцани Саси во 75 минута многу слабо шутираше и сенегалскиот голман Алфред Гомис одбрани. Само пет минути подоцна Сенегал од белата точка имаше шанса да поведе, но одлучниот удар на Анри Саивето, Хасен уште поубаво го одбрани.
За Сенегал ова е второ финале во африканскиот Куп на нациите, но нема титула. Пред 17 години загуби од Камерун по изведувањето на пеналите.
Победникот на второто полуфинале беше решен во петтата минута од судиското продолжение, кога Ријад Марес со одлично изведен слободен удар од 18-ина метри ја затресе мрежата на Нигерија и го одведе Алжир во финалето. Алжирците поведоа во 40 минута со автоголот на Вилијам Трос-Еконго кој нсреќно реагираше на нафрлување од Марез, додека израмни Одион Игало во 72 минутаод пенал досеуден поради играње со рака на Манди.
Алжир досега само еднаш беше африкански шампиони, и тоа на домашен терен во 1990 година, а десет години претходно беше поразен во финалето. Во двете финални соочувања играше токму со Нигерија.
Финалето на распоредот е во петок во Каиро, додека два дена порано Тунис и Нигерија ќе играат за третото место.