Орбан најавува нови мерки за поттикнување на унгарската економија во 2020-та

Унгарија следната 2020 година ќе мора да воведе уште две мерки за поттикнување на економијата, имајќи предвид дека забавува економскиот раст во Европската унија, главниот унгарски трговски партнер, изјави во саботата премиерот Виктор Орбан.

Економската политика што ја спроведува унгарскиот премиер Виктор Орбан е насочена на оддржување на економскиот раст кој го надминува просекот на економскиот раст во Европската унија за два процентни поена. Во јуни владата во Будимпешта го најави првиот круг од мерките, меѓу кои се намалување на даноците и отворање нови работни места.

Унгарската економија пораснала за 5,3 отсто во првиот квартал од годинава, најмногу во последните 15 години, а министерот за финансии Михали Варга изјави дека јунските мерки би можеле да го одржат растот на околу 4 отсто во текот на следната година. Меѓутоа, доколку изгледите за економскиот раст во ЕУ се влошат, Орбан смета дека е потребно да се преземат натамошни чекори за да се одржи брзиот унгарски економски раст.

„Доколку нашите очекувања за прогнозите за европската економија се покажат точни, во јуни 2020 година ќе ни биде потребен втор, а есента 2020-та трет акциски план за да ја заштитиме нашата економија“, изјави унгарскиот премиер во својето годишно политичко обраќање во романскиот град Баиле-Тушнад.

Станува збор за еден од најмалите градови во Романија со оолу 1.800 жители, а повеќе од 90 отсто од жителите се етнички Унгарци кои го нарекуваат Тушнадфјурдуј.

Меѓутоа, Орбан во саботата не откри поединости за мерките, но рече дека со нив ќе се зголеми конкурентноста на Унгарија.

Претстедателот на Европската централна банка (ECB), Марио Драги, во четвртокот вети дека дополнително ќе ја ублажи монетарната политика, бидејќи се влошуваат изгледите за економскиот раст во еврозоната.