Еве каде ќе одат нашите политичари на одмор

Дали кризата во Грција може да влијае на вашиот одмор?

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска се враќа од дводневната посета на Будимпешта и во Виена. Во главниот град на Унгарија имаше средба со тамошниот премиер, Виктор Орбан, додека во Австрија беше поради размена на искуства и информации поврзани со неговата професорска дејност на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“.

Веќе во петок, ќе присуствува на традиционалната прослава на Илинден во струшкото село Ташмаруништа, по што со семејството заминува на еднонеделен одмор во Хрватска.

После празникот, одмор најави и „половина“ влада. Премиерот Зоран Заев ќе оди во Охрид и во Грција, додека вицепремиерката Радмила Шекеринска заминува на Скандинавија.

На одмор заминуваат и пратениците.